Меган Маркл со несекојдневен стајлинг одговорила на критиките на кралицата за својот „холивудски стил“

Точка

20/11/2018

12:49

4.269

Големина на фонт

а а а

Меган Маркл и принцот Хари прославиле половина година брак, гостувајќи во хуманитарната емисија „Royal Variety Show“.

За таа пригода, преубавата војвотка заблескала во светкав црно-бел свечен топ со прерамки, со кој искомбинирала долго здолниште, а двете парчиња биле со потпис на брендот „Safiyaa“.


Долгиот, асиметричен топ го покрил нејзиниот труднички стомак, а нејзиниот моден избор многумине го сфатиле како одговор на критиките кои ги добила од страна на кралицата, на сметка на својот „холивудски стил“.


„Меган доби совет да почне малку повеќе да се ооблекува во стилот на кралското семејство, а помалку како холивудска ѕвезда“, открил извор од кралскиот двор, за „Daily Mail“.

Кралицата наводно е таа на која не ѝ се допаѓа стилот на Меган, а особено ѝ пречел фустанот со висок шлиц, кој Меган го носеше за време на турнејата со принцот Хари во Австралија. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг