Познатата глумица проговори за тешкиот период на својата ќерка која ѝ открила дека се самоповредувала

Кармин

20/11/2018

10:58

2.676

Големина на фонт

а а а

Џејда Пинкет Смит во една од своите епизоди од емисијата Red Table Talk отворено говорела за периодот од животот кога нејзината ќерка Вилоу Смит ѝ открила дека се самоповредувала кога била мала, како Џејда реагирала и како се справила со тоа.

"Повеќе се фокусирав на тоа како да ја извлечам од тој проблем отколку тоа што ја навлече во сето тоа. Бев горда што можела да го сподели тоа со мене на тој начин", рекла Џејда. 

Нагласила дека сакала да ѝ се посвети на својата ќерка и да ѝ помогне што полесно и побрзо да премине низ тоа искуство. Вилоу исто така се огласи за тој проблем велејќи дека често се прашувала зошто заглавила во таа сива фаза и дека често се прашувала која е целта на нејзиното постоење.


"Во тој период слушав многу депресивна музика, бев навлечена во црна дупка и се самоповредував", рекла Вилоу.

Исто така ги покажа своите лузни на раката, велејќи дека речиси исчезнуваат.


"Се сеќавам на неколку моменти во кои сосема ја изгубив свеста над своите постапки. На никој не му кажував за тоа, бидејќи беше чуден и мрачен период од мојот живот. Но, си дадов можност да се извлечам и истото би им го препорачала на сите", рекла Вилоу Смит.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk