Актерката повторно стапи во брак: Избрала несекојдневна венчаница

Кармин

20/11/2018

10:54

2.407

Големина на фонт

а а а

Актерката Менди Мур, овој викенд го кажала судбоносното „Да“, и стапила во брак со музичарот Тејлор Голдсмит. Тие направиле приватна церемонија во дворот на нејзината куќа во Лос Анџелес, известува „E! News“.

Актерката уште летото, во интервју за магазинот „People“ изјавила дека не може да се види себеси во бела венчаница, а сега со својот избор го потврдила тоа.

Иако таа објавила само црно-бела фотографија, излегле и фотографии во боја од венчавката, на кои се гледа дека венчаницата на Менди е нежно-розова со точки и разиграни карнери од половина надолу и цветен детаљ на струкот.

Венчаницата ја потпишува брендот „Rodarte“, а изработена е само за актерката, според еден модел од нинвата нова пролетна колекција за 2019-та година.

Невестата носела и розов вел, додека младоженецот сепак се одлучил за класичен изглед со одело, бела кошула и вратоврска.

Инаку, Менди веќе била во брак со музичарот Рајан Адамс, од кого се развела во 2016-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk