Се сеќавате ли на војникот кој под „дожд на куршуми“ избега од Северна Кореја? Сега ја отвори душата - зад бегството стои бизарна приказна

Точка

20/11/2018

11:15

8.418

Големина на фонт

а а а

Војникот кој што побегна од Северна Кореја во една ситуација која наликуваше на сцена од холивудските филмови, сега ја отвори душата и откри зошто побегна од најзатворената земја на светот.

25-годишниот Ох Чонг Сонг, син на севернокорејски генерал, го привлече вниманието на целиот свет кога под „дожд на куршуми“ успеа да побегне од Северна Кореја. Тој со автомобил, а потоа и со трчање успеа да им побегне на војниците на Северна Кореја кои што непрекинато пукаа кон него и сега живее во Јужна Кореја.

Сонг во интервјуто за јапонскиот весник „Санкеи Шимбун“ откри што всушност се случило и која е вистинската причина за неговото бегство од Северна Кореја.


„Во Северна Кореја, луѓето, а посебно помладите генерации се индиферентни едни кон други, според политиката и според лидерите и не постои некое посебно чувство на лојалност“, изјави Сонг.

Тој вели дека отсекогаш бил рамнодушен кон владеењето на Ким Јонг Ун и ги негира медиумските натписи дека во Северна Кореја бил баран поради убиство, па затоа побегнал од државата.

Тој за јапонскиот весник ја откри вистинската причина поради која побегнал од Северна Кореја. Имено, тој се скарал со своите пријатели, а потоа се напил алкохол и сфатил дека ќе мора да оди на дежурство.

Проблем било тоа што додека одел на дежурство, случајно ја пробил рамата, па поради тоа што стравувал од можна екзекуција, само продолжил да вози кон Јужна Кореја. Иако тој избегна егзекуција, тој беше повреден затоа што неговите колеги започнаа да пукаат кон него. Тој сепак не ги осудува и вели дека би го сторил истото доколку бил на нивно место и видел бегалец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг