Новото истражување потврдува: Сексуалните фантазии на мажите ја вклучуваат и оваа необична работа

Точка

19/11/2018

20:44

4.930

Големина на фонт

а а а

Ако мислевте дека знаете се за машките фантазии, се лажете.

Имено, една студија открила дека во машките глави се јавуваат прилично неочекувани работи, но не грижете се - тука не станува збор за секс во тројка или секс со поранешната девојка. 

Истражувањето кое го предводело "Superdrug Online Doctor", а во кое учествувале повеќе од 1600 Американци и Европјани кои се во емотивни врски, покажало дека мажите, покрај физичкото возбудување, подеднакво размислуваат и на галење и бакнежи.


Иако мислата за сексот има предност, според добиените податоци од студијата, дури 16,8 отсто од мажите фантазираат за галење во кревет со партнерката, а 29,7 отсто за бакнежи.

Очекувано, жените повеќе размислуваат на ваквите работи - дури 21,2 отсто од нив признале дека замислуваат како се галат со партнерот, а 38,5 отсто како се бакнуваат.

Наспроти стереотипите, ова истражување покажало дека и мажите фантазираат за нежности.



Спонзорирани линкови

Маркетинг