Кој вложил 1.000 долари пред 30 години, сега е богат: Неверојатен подем на технолошкиот гигант

Точка

19/11/2018

16:26

2.552

Големина на фонт

а а а

Компанијата "Microsoft" прв пат ги понудула своите акции на берзата на 13. март во 1986. година.

Тогашната вредност на една акција изнесувала само 21. долар, а денес нејзината вредност е дури пет пати поголема и изнесува 106 долари. 

Така, сите оние кога тогаш вложиле барем 1.000 долари во акции на оваа компанија, станале богати луѓе.

Сегашната вредност на таквата инвестиција би била повисока од 1.600.000 долари.

"Microsoft" во 1975. година била основана од Бил Гејтс и Пол Ален, за развој и продажба на програмски јазици, проектирани да бидат едноставни за користење, за компјутерот "Altair 8800".

Почетната јавна понуда на компанијата од 1986. и дополнителниот раст во нејзината цена на акциите, ги направило двајцата милијардери, а 12.000 меѓу вработените на "Microsoft" станале милионери.




Спонзорирани линкови

Маркетинг