Моќни возила кои што „гледаат од високо“, но располагаат со моќни агрегати кои што нудат перформанси на спортски автомобили. Не ја пропуштајте оваа уникатна битка.
Екипата на “Carwow” од Велика Британија, успеа на едно место, во овој случај аеродромска писта, да ги донесе моќните Mercedes G-Class G63, Lamborghini Urus, Ranger Rover Sport SVR и Tesla Model X кои ги одмерија силите во забрзување.
Можеби многумина веднаш ќе се обложат на Ламборџини, но дали Италијанците потенцијалот од 650 коњски сили успеаа да го пренесат на SUV моделот Urus и да го направат најбрз во својата конкуренција?
Покрај Urus, тука е германскиот конкурент, моќниот G63 кој под хаубата има сместено агрегат кој обезбедува 585 коњски сили, а „загадувачите“ ги комплетира атрактивниот Range Rover Sport SVR со 5.0-литарскиот V8 агрегат кој развива 575 коњски сили.
Американците имаат свој претставник – станува збор за електричниот ѕвер Tesla Model X P199D, чии што електромотори развиваат моќ од 772 коњски сили.
Попуштете звук и уживајте на видеото подолу кое ќе ви го открие победникот во трката.