Кејт Мидлтон и принцот Хари се борат со голема родителска дилема

Кармин

19/11/2018

13:49

2.556

Големина на фонт

а а а

Иако делуваат како совршено и хармонично семејство, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам исто така понекогаш се соочуваат со проблеми кога е во прашање воспитувањето на нивните деца.

Принцевите Џорџ и Луј и принцезата Шарлота се деца како и сите останати, а принцот Вилијам минатата недела открил дека тој и војвотката од Кембриџ моментално се соочуваат со голема дилема.

„Тешко ни е да пронајдеме рамнотежа и да одлучиме колку време треба да се поминува со семејството, а колку на интернет“, признал тој.

Вели дека тоа е тема за која ќе мораат сите заедно да поразговараат.


„Како ќе воведеме време во кое сите ќе ги тргнат телефоните на страна? Сите сме толку приврзани и зависни, што мора да напоменеме дека не смее да се зборува додека се јаде, на пример“, додал принцот Вилијам.

Открил и дека сам се прашува како другите родители го решаваат овој проблем.


„Ова ќе биде прва генерација која ќе израсне потполно опкружена со мобилни телефони, социјални мрежи и други работи. А ние, постарите генерации, родителите, потполно сме препуштени сами на себе и не сфаќаме како да го решимее тоа, каде да одиме и како да се грижиме за дигиталниот свет во кој живеат нашите деца“, вели Вилијам.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk