Се појавија првите фотографии: Погледнете како ќе изгледа Jeep Gladiator

Точка

16/11/2018

18:26

2.477

Големина на фонт

а а а

На интернет се појавија првите официјални фотографии на новиот пик-ап модел на американскиот производител.

Долго најавуваниот пик-ап на Jeep за кој се шпекулираше дека ќе го носи називот Scrambler, сепак ќе се вика Gladiator како истоимениот концепт од 2005-та година, односно серискиот модел од 60-тите години од минатиот век.

Jeep Gladiator е базиран на актуелниот модел Wrangler кој што практично доби дополнителен, отворен простор за товар на задниот дел од возилото со должина од 1,524 мм.


Од Jeep одлучија да ја задржат опцијата за покрив на склопување, па купувачите, доколку го посакаат тоа, ќе можат да уживаат во возење со отворен покрив. На располагање ќе бидат опции со мек и тврд покрив.

Што се однесува до агрегатите, новиот Gladiator ќе ги користи истите мотори на Wrangler, но во спецификациите не се споменува четирицилиндарскиот 2.0-литарски турбо бензински мотор. Најмоќен ќе биде 3,6 V6 бензинецот со 288 коњски сили (212 kW) и 352 Nm максимален обртен момент кој силата на тркалата ќе ја пренесува со помош на 6 брзински мануелен или 8 степенски автоматски менувач.


Се очекува во 2020-та година Gladiator да го добие и 3.0 EcoDiesel V6 моторот кој ќе има 262 коњски сили (193 kW) и 598 Nm максимален обртен момент.

Официјалната премиера новиот Jeep Gladiator ќе ја има на предстојниот Саем за автомобили во Лос Анџелес кој ќе биде отворен на 28-ми ноември.




Спонзорирани линкови

Маркетинг