Странските медиуми пренесуваат дека американската пејачка и нејзиното момче одлучиле да имаат заедничко дете.
Гвен Стефани и музичарот Блејк Шелтон заедно се веќе три години, а сега наводно одлучиле дека по пат на сурогат мајка ќе добијат заедничко дете.
Гвен е веќе мајка на три деца која ги доби со поранешниот сопруг, рокерот Гевин Росдејл.
Како што пренесува "US Weekly", Гвен и Блејк се во финални преговори и подготовки за избор на мајката која ќе го носи нивното дете.
На пејачката наводно ѝ е многу важно да му подари дете на Блејк, поради што тој е многу среќен.
Гвен и Блејк се заедно од 2015 година, а доколку овие гласини си вистинити, ова ќе биде прво дете за Шелтон иако зад себе го има бракот со кантри пејачката Миранда Лемберт.