Возачите на Volkswagen отсега ќе можат да ги отклучуваат возилата со помош на Сири

Точка

14/11/2018

17:13

2.368

Големина на фонт

а а а

Компанијата Волксваген го интегрираше асистентот Сири во својата Car-Net апликација и на тој начин им овозможи на сопствениците на автомобилот своето возило да го отклучуваат и заклучуваат со гласовни наредби.

Оваа можност можат да ја користат сите оние кои поседуваат уреди од компанијата Apple со оперативниот систем iOS 12 на кој е инсталирана апликацијата Car-Net. Доволно е да кажете "Hey Siri, unlock my car" и возилото ќе се отклучи. 


Покрај тоа, постои и можност за проверка на опсегот за гориво во резервоарот, односно состојбата на батеријата на возилото. Исто така, со гласовните команди може да се вклучи алармот, да се прилагоди температурата, да се одмрзне стаклото на шофершајната и да откриете каде се наоѓа паркираното возило.


За оваа можност на територијата на САД потребно е да се платат 17,99 долари месечно, односно 199 долари годишно.

Волксваген минатата година најави интеграција на асистентот Алекса на Амазон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг