Моќниот “Macan”: Германски “Porsche” ќе го претстави својот нов џип до крајот на годината

Точка

14/11/2018

17:33

2.521

Големина на фонт

а а а

Германскиот автомобилски гигант подготви новости за возачите кои што се во потрага по ексклузивно SUV возило – наскоро пристигнува новиот “Macan”.

Секако, во преден план е современиот дизајн на автомобилот, чиј што акцент паѓа на задниот дел кој во склад со актуелниот стил доби атрактивно, хоризонтално светло кое ги спојува светлосните групи во една целина.

Одличната ЛЕД технологија, освен естетска, ќе има и значајна улога во сообраќајот со оглед на тоа што ќе овозможува поголема видливост. Секако, ЛЕД технологијата е сместена и кај предните фарови и доаѓа како дел од стандардната опрема.


Кога станува збор за ентериоерот, новиот “Macan” ќе биде опремен со инфотејнмент систем со екран со големина од 11 инчи.

Сепак, тоа што најмногу ќе ги интересира потенцијалните купувачи е околу тоа што ќе биде сместено под хаубата на овој прекрасен SUV на “Porsche”. Како што пренесуваат германските медиуми, новиот “Macan” ќе биде опремен со моторот на “Panamera”, односно ќе добие 3-литарски V6 агрегат со 354 коњски сили, како и 2,9-литарски твин-турбо V6 мотор кој ќе развива дури 440 коњски сили.


Основната цена на новиот “Macan” ќе изнесува 58 илјади евра, пред се како последица на проширената опрема и напредните системи. Премиерата на овој модел се очекува да биде до крајот на оваа година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг