Росана Јанков: Деловниот свет бара елеганција

Точка

13/11/2018

12:00

6.401

Големина на фонт

а а а

Дамите сѐ повеќе го освојуваат деловниот свет, а покрај нивната успешна работа и големите придонеси на деловно поле, тоа што воодушевува е и нивниот беспрекорен изглед. Една од тие дами е и бренд амбасадорот на Бела (Bella), Росана Јанков, со успешна кариера како портпарол во АМСМ и изглед кој никого не остава рамнодушен. Познато е дека изгледот е многу важен за деловните дами.

Росана Јанков зборува за тоа како модата може дa е моќно „оружје" во бизнис-окружувањето.

Што подразбира изгледот на „дотерана деловна дама“?

Јанков: “Кога ќе стигнете на врвот на планината, тогаш почнувате да се качувате” – кинеска поговорка. Изгледот на „дотерана деловна дама” зборува многу за личноста. Каков стил има, дали има осет за естетика, дали има поставено критериуми по кои се води и се реализира, дали се цени себеси и другите.


Културата на живеење во денешно време ја поставува жената на повеќе места во општеството. Жената е дама, мајка, вработена, образувана. Сето тоа бара жената да посветува внимание на изгледот, се разбира според можностите. За мене изгледот е важен, но важна е и подготовката на жената во однос на професијата која ја работи, така овие две компоненти го доловуваат поимот „дотерана деловна дама“. 

Црниот костум и белата кошула се добро позната униформа во деловниот свет. Дали дамите можат и треба повеќе да експериментираат со други избори и колку тоа ќе им помогне да се истакнат и да покажат професионалност? 

Јанков: Во деловниот свет црн, тегет, сив костум се како протоколарно правило, но денешното модерно време ни дава можност и палета на бои, кои ако умно ги искомбинираме даваат многу впечатлива нота на дама со стил. Стилот или го имаш или не! Но добро е што можеш да работиш на себе и инвестираш секако. Личниот печат е особено важен во секоја модна комбинација, дури и во протоколарната. 

Кога сте дел од деловниот свет, тоа подразбира дека често одите на деловни состаноци. Каков е изборот на облека за вакви пригоди и колку е тој важен?

Јанков: Секојдневно сум на деловни состаноци. Секогаш однапред се подготвувам темелно за деловните состаноци. Најчесто комбинирам здолниште или панталони со палто, кошули или џемперчиња, понекогаш марама или накит. И особено внимание посветувам на чевлите и на торбата, како дел од целата модна комбинација.

  

Колку изгледот на дамата во улога на јавен говорник му дава кредибилитет на тоа што го зборува? Дали уреден, среден изглед значи дама со сигурни и средени мисли?

Јанков: Иако велат дека првиот впечаток е најважен, сепак сметам дека целокупниот изглед, стил на една деловна жена мора да биде поткрепен со знаење на работата која ја работи. Мојата подготовка за деловен состанок не завршува со одбирање на модната комбинација која планирам да ја носам, туку тоа е само почеток.


Следниот чекор е добрата подготовка за темата за која сум повикана да зборувам, изработката на концепт за презентација, размислување за евентуални дополнителни прашања. На крај, се разбира, заокружувам со соодветна фризура и дискретна шминка. Така јас ја доживувам дамата со кредибилитет. 

Дали една успешна деловна жена може да си дозволи „петок за кежуал комбинација“ или мора секогаш да се држи до бизнис- изгледот?

Јанков: Кежуал комбинацијата ми се допаѓа, но за време на викендите. Мојата работа бара постојано да бидам професионална, така што сепак комоцијата ја оставам за прошетките со ќерката, кучето, другарките. Мојот моден стил е одамна изграден и сега само го негувам и дополнувам со трендовски модели, за кои сметам дека прилегаат на мојата работа и ме отсликуваат како личност.




Спонзорирани линкови

Маркетинг