Фросина Ангеловска: ФРАН го слави својот петти роденден и ја споделува радоста со своите клиенти

Точка

11/11/2018

10:00

6.251

Големина на фонт

а а а

Фран, брендот зад кој стои Фросина Ангеловска пред сè како моден дизајнер и како мејкап артист, веќе пет години се грижи за изгледот на многу жени. Можеме да кажеме дека Фросе е уметник кој со својата четка ги истакнува најубавите карактеристики на лицето на модерната жена. На 13.11.2018, Фран го прославува својот петти роденден, а по тој повод Фросе сака да ја сподели својата радост со сите жени кои ќе го посетат ФРАН до крајот на месецот!

Пет години ФРАН. Што е ФРАН за тебе со еден збор?

САТИСФАКЦИЈА (појаснување: ни претставува огромно задоволство да ги правиме луѓето задоволни).

Многу жени, со тон желби. Колку често доаѓаат со барање да изгледаат како Ким Кардашиан пример?

Секогаш! Денес со инвазијата на социјалните мрежи ретко која девојка доаѓа на шминка без фотографија од тоа како би сакала да изгледа.

Тоа за мене е од една страна поедноставно, бидејќи претходно се случувало да има недоразбирање во однос на толкувањето на некој термин. Пример за мене „smokey eye“ е тип на шминка во која преовладуваат темните тонови и е прилично драматична , но е без остри линии и без ајлајнер, а за поголемиот дел од девојките „smokey eye“ е онаа стандардна шминка со благо засенчување во надворешниот агол на окото,посветла сенка во внатрешниот агол и ајлајнер. Со фотографија не мора да се објаснуваме околу терминологијата.

Од друга страна истите тие девојќи треба да бидат објективни во поглед нивната сличност (или различност) со ликот од фотографијата и да бидат свесни дека ќе добијат шминка како Ким Кардашијан, а не лик како истата.

Дали на мажите навистина повеќе им се допаѓаме без шминка, што вели твоето искуство?

Моето искуство вели дека не е така! Можеби бидејќи сум девојка на која сопствениот надворешен изглед и е многу битен, привлекувам мажи кои тоа го ценат и им се допаѓа. Да бев хипи тип или тип со спортски афинитети и повеќе тренерки него фустани во плакарот, ќе привлекував мажи кои сакаат природни девојќи... сè е субјективно.

Јас би рекла дека мажите сакаат кога жените се без шминка само поради тоа што помалку им ги валкаат кошулите. А што се однесува до привлечноста , преферираат жени кои посветуваат внимание на својот изглед (шминка и гардероба). Да не беше така, професии како мојата немаше да бидат толку ценети. Значи сума сумарум , без шминка нè сакаат наутро за да можат да ни се изнауживаат, а со шминка преку ден за да можат да ни се восхитуваат.

Поубаво е чувството кога навечер ќе ја избришеш шминката или наутро кога ќе ја нанесеш?

Првото е чувство на олеснување и свежина. Мене тој ритуал на туш, миење лице, тонирање и хидрирање на кожата со крема ми е посебно свет и не го прескокнувам ниедна вечер, без разлика на тоа колку сум уморна бидејќи е неопходен за здравјето на кожата, а и максимално ме опушта и е одлична предигра за добар сон.

Второто е чувство на разубавување, добро расположение и кревање на самодовербата. Со добра шминка и добар аутфит секоја жена чувствува дека денот е нејзин и тоа е расположение кое трае.

Чувството кога ќе видиш лошо нашминкан лик?

Сте ги гледале оние „fail videos“ и Ве здоболува и Вас кога лошо ќе падне ликот? Е, и мене така по малце ме стега срценцето кога ќе видам лошо нашминкан лик… Баш она „ауч“ чувство, со по малку: „Зошто некој би си го направил ова себе си?“

Алиша Кис се откажа од шминката. Што мислиш за тој став, како гледаш на тоа? 

Мислам дека одлично ја пренесе пораката која сакаше да допре до сите, а тоа е дека во музичката индустрија ги маргинализираат и им поставуваат одредени стандарди поради кои тие се чувствуваат помалку слободни да се изразат и тоа се рефлектира врз нивното творештво. Но, тоа не е трајна состојба, ниту пак целосно издржана, бидејќи за пораката да биде валидна треба да се откаже и од модерните стајлинзи и парчиња гардероба.

Шоу-биз си бара актуелност и одредени атрубути се задолжителни . Светски познатите артисти, исто како што мораат да работат на својот талент, мораат да работат и на својот изглед. Има многу познати артисти кои уште од старт се одлучиле да останат верни на нивниот природен, минималистички изглед и така ја изградиле нивната кариера и тоа е ок. Неа тој „аха“ момент и дошол малку покасно, но секој има право да се предомисли. Само едно треба да се нагласи, а тоа е дека изгледот не го спори нивниот талент, може само да го надогради.

Што би сакала да им кажеш на жените, за жените?

Малку повеќе да се поддржувате и вреднувате, малку помалку да се потценувате и навредувате. Жена секогаш повеќе цени комплимент од друга жена, а исто така , „хејт“ од жена многу повеќе боли.

Набрзо Фросе ќе биде мајка. Традиционална или модерна мајка?

Сметам дека ќе бидам Мајка во согласност со мојот карактер, а тоа би било нешто измеѓу традиционалното и модерното. Бидејќи за себе сметам дека не сум доволно слободоумна (во превод модерна) да го оставам да си игра на земја, храната да му паѓа по истата и повторно да си ја става во уста бидејќи модерните мајќи мислат дека „така се гради имунитет“. Или пак да го воспитувам во оној ултра либерте дух дека неговиот живот е само негов и може да си прави што сака со него, без да се трудам да му ги пренесам основните семејни и општествени вредности, морални и етички правила.

Од друга страна, не сум доволно традиционална да го да го чувам во каранитн до четириесет дена или да го бањам со црвено јајце за Велигден, бидејќи тоа носело здравје...

Едно знам, а тоа е дека ќе дадам сè од себе да биде среќно дете, тинејџер, адолесцент, па сè до доцна зрелост и да се гордее на својата мајка цел живот.

Три вредности на кои ќе се трудиш да го научиш твоето дете? 

-Чесност. 
-Упорност.  
-Искреност. 

Што сакаш да ни кажеш на сите? 

За оние кои никогаш не нè посетиле: Дојдете во ФРАН овој месец и дозволете ни да ви дадеме дел од нашето „најдобро јас“ со 50% намалени цени. Верувам дека ќе ја стекнеме вашата доверба и ќе го оправдаме нашето 5-годишно постоење. 

За нашите верни клиенти: Овие 50% попуст се и за вас, како благодарност што ги користите нашите услуги и со тоа ни овозможивте да бидеме денес тоа што сме. :)

Ќе доделиме и по некој подарок, а за да учествувате во изборот, посетете ја tockagram на инстаграм и информирајте се.

Фотографија: Стефан Соколовски



Спонзорирани линкови

Маркетинг