Адриана Лима со солзи ја затворила ревијата на Викторија Сикрет

Кармин

09/11/2018

10:52

5.158

Големина на фонт

а а а

Најдолговечниот ангел на Викторија Сикрет, ќе се пензионира. Манекенката Адриана Лима вчеравечер во Њујорк ја носела последната ревија на Викторија Сикрет и тоа го доживеала прилично емотивно.

После 18 години стаж, 37-годишната манекенка не можела да ги задржи солзите на своето последно излегување на пистата и се расплакала.

Облечена во светло син комплет на долна облека, преку кој носела металик маица, Адриана насред писта ги ставила рацете на градите и заплакала, што кај публиката предизвикала овации и аплаузи за поддршка.


Тоа е една од двете комбинации кои ги носела вчеравечер, а првата била црн чипкан комплет со кој на грбот носела и додаток во облик на полумесечина.


Со оглед на тоа дека таа ја затворила овогодинешната ревија на Викторија Сикрет, може да се каже дека сè завршило со солзи.

Манекенката и на својот Инстаграм профил се опростила со емотивна објава.

„Драга Викторија, ти благодарам што ми го покажа светот, ги сподели со мене своите тајни и најважно од сè, ми даде крилја и ме научи да летам. Со љубов, Адриана“, напишала под видеото во кое се присетува на сите свои ревии за Викторија Сикрет, од 2000-та година, па сè до вчеравечер. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk