Кејт Хадсон со совршена фигура само еден месец по породувањето

Кармин

08/11/2018

15:15

1.924

Големина на фонт

а а а

Актерката Кејт Хадсон и музичарот Дени Фуџикава, на 2-ри октомври станаа родители на девојчето Рани Роус.

Актерката оттогаш не се појавила во јавноста, сè до сношти, кога на гала вечерта заблескала во тоалета од дизајнерот Мајкл Корс и ја покажала својата фантастична фигура, само еден месец по породувањето.


Освен со линијата, Кејт воодушевила и со веќе споменатата блескава тоалета од ласкав крој, позади која се потпишува домаќинот на вечерта. Светкавата тоалета на преклоп, со додатоци на рамената, совршено ја нагласиле нејзината фигура и тесниот струк.

Кејт овој изглед го надополнила со мала црна ташничка и едноставни црни салонки, додека дополнителна доза сјај на целокупниот впечаток дале нејзините обетки. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk