"Сите ние сме ангели": Плус сајз манекенките го посрамотиле брендот Викторија Сикрет

Кармин

07/11/2018

16:23

1.945

Големина на фонт

а а а

Кога ќе помислите на спектакуларната ревија на Викторија Сикрет, веднаш помислувате на високи и слаби манекенки без грам маснотија на нив.

За манекенките чиј телесен опсег ја надминува големината 36, овој светски популарен бренд сè уште не го пронајде местото на својата писта. Тој проблем веќе со години ги вознемирува многу плус сајз манекенки кои се борат за еднаквост и претставување на различна убавина.

Една од многуте популарни плус сајз манекенки Робин Лоули одлучила да направи нешто порадикален потег во соработка со брендот за долна облека Simply Be, кој креира долна облека исклучително за жени кои носат броеви над 38. Односно, таа организирала ревија-протест под името "We Are All Angels".

Робин кампањата под исто име ја започна пред помалку од еден месец, а нејзината цел е да стигне до одговорните лица во Викторија Сикрет и да ги отвори нивните врати за жени со различни големини. Покрај тоа, кампањата има и хуманитарна цел што значи дека за секоја објавена фотографија на Инстаграм со хештегот #WeAreAllAngels на една бездомничка ќе ѝ биде дониран градник.

Ревијата и кампањата ги поделиле мислењата кај корисниците на социјалните мрежи, бидејќи додека едни го поздравија ова движење и се залагаат за разновидност, многумина од друга страна сметаат дека плус сајз манекенките не се добар пример за младите девојки, бидејќи промовираат дебелина и нездрав начин на живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk