Дека не треба да престанете да сонувате и дека соништата се исполнуваат доказ е дваесет и две годишниот Христијан Бузалковски од Скопје - Европски шампион во мотоциклизам.
Христијан верувал дека ќе стане шампион, а убаво е кога желбата ќе стане цел, а целта реалност. Но, како дознаваме од него...
- Прв пат на моторцикл се качив на 6 години кога го добив како подарок. Професионално почнав да се тркам на 17 години!
- Па, една трка бара добро и силна физичка и психичка подготовка. Секако моторциклот да биде добро подготвен, односно да ги поседува сите тркачки делови, доколку сакаме да бидеме конкурентни.
- Па ризикот е голем. Но, ова е тоа што најдобро знам и умеам да го правам. Свесен сум за ризиците но и воедно среќен поради ова што го правам. Ќе продолжам со полна пареа да работам напорно на себеси за да бидам се подобар и подобар од трка во трка.
- Предизвик ми е патеката во Италија – Мизано. Многу сакам да возам и на РедБул ринг во Австрија.
- Не можам да дадам конкретен одговор на ова прашање, бидејќи понекогаш падовите се лесни, но понекогаш се многу опасни. Се зависи од падот, кои сите гледаме да е помалку присутен.
- Ме исполнува кога ќе се појавиме на трка, ќе го дадеме максимумот, ќе дојдеме до убава позиција и ќе го развееме нашето знаме на подиумот.
- Да,морам да признаам дека уште од самиот старт сонував за да станам шампион и сум премногу среќен што тоа се оствари!
- Најчесто возиме во Грција,на патеката Серес, бидејќи таму ни е најблиску и најисплатливо за нашиот буџет.
- Следно се подготвуваме за шампионатот Алпе Адриа,во класата СуперСток 600, со комплетно нов моторцикл. Ќе бидам првиот македонски возач кои што ќе се појави на ваков шампионат,така да ќе се потрудам да го дадам максимумот!
(А.В)