"Планината" (The Mountain) од "Игра на тронови" ја ожени својата девојка Келси Хенсон на романтичната церемонија во неговиот роден Исланд.
Хафтор Јулиус Бјорнсон, односно попознат како сер Грегор "Планината" Клегејн од популарната ТВ серија, ја објавил среќната вест на Инстаграм, каде ја покажал својата нежна страна со текст и фотографија со новопечената сопруга.
"Со голема радост можам да ја наречам Келси Морган Хенсон моја сопруга", напишал тој. "Можам да ја држам оваа прекрасна жена во добро и зло до крајот на нашите животи. Толку сум возбуден поради сите наши идни авантури", додал Хафтор, по што и Келси се огласила на Инстаграм:
"Се радувам на влечењето на ова големо момче до крајот на животот. Те сакам сега и засекогаш и ветувам дека ќе бидам покрај тебе без оглед на се' што ќе нѝ донесе животот. Те сакам, љубов моја", додала таа.
Бјорнсон, кој во јули ја освои титулата за најсилен човек на светот, ја запознал Келси во еден бар во канадскиот град Албертa, каде таа работела како келнерка.
52-килограми тешката и 157 центиметри високата Келси наводно му пришла на Исланѓанецот кој e висок 206 центиметри и тежок 180 килограми, и му побарала автограм.