Миди фустаните се вистински хит, а еве кои чевли се најдобриот избор за нив

Кармин

19/10/2018

17:20

3.930

Големина на фонт

а а а

Фустаните со миди должина кои достигнуваат до или под колената никогаш не биле волку популарни.

Но сепак, поголемиот дел од жените ги одбегнуваат бидејќи не знаат со што да ги комбинираат. За среќа, тука се модните експерти. 

Иако можеби така ви се чини, навистина е тешко да погрешите со облеката која прилега на миди фустаните, бидејќи со нив речиси се' одговара. Во продолжение ви претставуваме неколку предлози за чевли кои се најдобриот избор за миди моделите.

Спортски патики

Робусните спортски патики се' почесто ги гледаме како дел од елегантните комбинации, па дури и на свечените настани. Тие во пар со миди фустан создаваат совршена лежерна комбинација за секој ден.

Каубојски чизми

Каубојските чизми оваа сезона се еден од водечките трендови во облеката, а во комбинација со миди фустан изгледаат одлично. Ова е изглед кој можете да го носите преку ден, но и во некои посебни прилики.

Чизми над колена

Овој хит модел на обувки кој веќе со години не излегува од мода е исто така совршен избор за комбинирање со миди фустаните, особено кога станува збор за малку пошироки модели.

Чорапи-чизми

Една од причините поради кои чизмите во стил на чорапи упорно не излегуваат од мода е тоа што одлично одговараат со се', па така и со миди фустани. Во комбинација со нив, тие даваат елегантен и тренди изглед дури и за свечените прилики.

Шпиц салонки

Шпицот се врати во мода уште пред неколку сезони, а салонките со шпиц визуелно ги издолжуваат и ослабнуваат нозете. Иако во миди фустаните вашите нозе не се гледаат, ефектот ќе биде видлив на вашите глуждови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk