Тенисерката повеќе не ја крие врската со британскиот милионер

Точка

19/10/2018

14:43

4.656

Големина на фонт

а а а

Руската тенисерка Марија Шарапова после долго време ја пронајде својата вистинска љубов.

Марија својот приватен живот го држи далеку од очите на јавноста, но врската со богатиот Британец кој е близок пријател со кралското семејство, станува сè поочигледна. 

Тенисерката и британскиот бизнисмен Александер Гилкес за прв пат беа заедно видени на почетокот на оваа година, но Шарапова не сакала да го коментира нивниот однос.

Сепак, социјалните мрежи го прават своето. Многумина забележале како Марија и Александер редовно објавуваат фотографии од истите места во исто време.

Британецот живее и работи во Њујорк, а уметничката галерија му се наоѓа во Менхетен.

Александер беше присутен на венчавката на Меган Маркл и Хари и е познат како близок пријател на семејството.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk