Тие освојуваат со поглед: 3 хороскопски знаци на кои мажите не можат да одолеат

Кармин

18/10/2018

09:48

3.394

Големина на фонт

а а а

Астролозите тврдат дека знакот и месецот во кој сме родени се поврзани со нашата атрактивност и целокупниот впечаток кој го оставаме кај спротивниот пол.

Иако постојат повеќе фактори кои дополнително влијаат на тоа, како што се физичкиот изглед и карактерот, овие три знаци од зодијакот се издвојуваат како посебни и едноставно неодоливи за мажите. 

Лав

Полни со самодоверба и страст, овие жени точно знаат што сакаат и како да ги остварат своите соништа. За Лавот, партнерот треба да биде голем извор на инспирација покрај кој секогаш ќе ужива и кој ќе му донесе емотивна стабилност. Затоа мажите не можат да ѝ одолеат на дамата родена во овој хороскопски знак и таа секогаш ќе остане во центарот на вниманието кај спротивниот пол.


Шкорпија

Доколку сакате да одберете еден знак кој ќе зрачи со сексуална енергија, тоа е стравствената Шкорпија! Доколку Шкорпијата сака да ве заведе, таа лесно ќе успее во својата цел, а вие нема ни да забележите дека го украла вашето срце. Никој не може да ја спречи во нејзината намера ниту да одолее на нејзиниот шарм.

Стрелец

Неверојатната смисла за хумор и нежното срце на жената Стрелец влијае на мажите многу повеќе отколку што мислите. Таа прво ќе го повлече мажот во пријателска зона, а потоа ќе се вовлече под неговата кожа. Стрелецот бара партнер кој ќе ѝ биде "рамен" и физички и психички, некој на кого ќе може да му ја објасни мистеријата на животот и љубовта, а ваквите жени никогаш нема да можете да ги заборавите.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk