Запленети 55 тони дрога во голема операција во 93 земји

Макфакс

18/10/2018

09:43

1.882

Големина на фонт

а а а

Во координирани полициски акции во 93 земји запленети се повеќе од 55 тони дрога, а 1.300 луѓе се уапсени, објави Интерпол.

Заплени се кокаин, хероин и повеќе милиони таблети од синтетички дроги.

На еден брод, кој требало да исплови од Брегот на Слоновата Коска, пронајден бил кокаин, во куќа во Холандија лабораторија за производство на екстази, додека пак на Блискиот исток поголема количина на каптагон таблети, кои често се користат во тој регион.

Интерпол, чие седиште е во Лион, наведе дека операцијата наречена „Лајонфиш“ била спроведена од 17. септември до 8. октомври, пренесува „Ројтерс“.

Во Југоисточна Азија, во рамки на акцијата, биле запленети 18 милиони таблети синтетичка дрога „јаба“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг