Екстрадиран во Бугарија осомничениот за убиството на бугарската новинарка

Макфакс

17/10/2018

21:01

3.431

Големина на фонт

а а а

Од Германија во Бугарија денеска беше екстрадиран осомничениот за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова од градот Русе.

Како што јави БТА, Северин Красимиров со редовен лет од Германија пристигна на аеродромот во Софија, каде го пречека тим на затворската стража, која ќе го префрли во Русе.

Се очекува тој да биде притворен и против него да биде поднесено официјално обвинение. Неговата екстрадиција беше по барање на бугарските власти.

Минатата недела Обвинителството во германскиот град Целе соопшти дека лицето осомничено за убиството на 30-годишната новинарка наскоро ќе биде екстрадирано во Бугарија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг