Смртта на 6-годишното девојче предизвикала гнев ширум светот: Монструмот кој ја силувал и мачел - обесен

Точка

17/10/2018

20:52

7.348

Големина на фонт

а а а

Во Пакистан била извршена смртната пресуда на мажот кој бил осуден за силување и убиство на 6-годишно девојче, чија смрт ја шокирала земјата и предизвикала жестоки протести на почетокот на оваа година.

Зајнаб Фатима Амин била киднапирана на улица во Касур, во источниот дел на Пакистан, а нејзините остатоци биле најдени на отпад пет дена подоцна. 

На нејзиното тело била откриена ДНК на 24-годишниот Имран Али, а откако го признал убиството на Зајнаб и уште четири 7-годишни девојчиња, бил осуден на четири смртни казни.

"Обесен е утрово, во присуство на претставници на затворот и таткото на жртвата", рекол за "AFP" службеник во централниот затвор во Лахоре, каде било извршено погубувањето.

##https://twitter.com/apnnewsindia/status/1050982014189371393##

"Телото било предадено на неговото семејство, кое ќе го погреба", додал тој.

Таткото на девојчето, Мухамед Амин Ансари, им се заблагодарил на судиите, владата и полицијата за брзо задоволената правда.

Тој побарал Имран да биде обесен на јавно место со цел одвраќање на можни извршители на слични злосторства, но судот го одбил тоа барање.

"Мојата ќерка нема да се врати, но задоволен сум што е правдата задоволена", рекол тој.

Али ја киднапирал Зајнаб додека одела на настава за Куранот во јануари оваа година, а надзорните камери снимиле како ја држи за рака и ја води низ улица.

Пет дена подоцна била најдена силувана и задавена на отпад на околу еден километар од својата куќа.

Смртта на девојчето предизвикала гнев ширум Пакистан, а во Касур илјадници луѓе влегле во полициската станица и палеле куќи на политичари. Истовремено, Пакистанците ширум земјата на социјалните мрежи барале од надлежните да преземат мерки.

Во регионот Касур во последните две години биле забележани најмалку 12 случаи на силувања и убиства, но Али признал дека стои зад 8.

Регионот Касур и пред последната серија злосторства бил озлголасен поради сексуалното злоставување, откако полицијата во 2015. година открила голема педофилска мрежа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг