Ова е тинејџерот кој убил 18 и ранил 70 луѓе: Во мобилниот телефон на Владислав Рослјаков пронајдена страшна снимка која ја направил пред да се самоубие

Точка

17/10/2018

19:11

8.925

Големина на фонт

а а а

За масакрот во Политехничото училиште во Керч, во источниот дел на Крим, одговорен е 18-годишниот Владислав Рослјаков.

Тој прво одел низ училиштето и пукал, а потоа поставил бомба полна со метални делови во кафетеријата, за на крајот да изврши самоубиство. Во крвавиот поход убил најмалку 18 луѓе, а ранил 70 лица. 

Неговото безживотно тело било пронајдено во библиотеката на вториот кат на училиштето. Кај него бил пронајден неговиот мобилен телефон со последното видео кое го снимил пред да се самоубие. Владислав бил ученик во четврта година.

Истражниот комитет на Русија кривичното дело го преквалификувал од терористички напад во убиство на две или повеќе лица. Комитетот соопштил дека убиените во нападот настрадале од прострелни рани.

Во училиштето во текот на претресот биле откриени и други експлозивни направи! Премиерот на Крим, Сергеј Аксијонов, вели дека напаѓачот делувал сам.




Спонзорирани линкови

Маркетинг