Глумицата за прв пат во јавност откако преброди неколку ужасно тешки недели

Точка

17/10/2018

18:34

4.982

Големина на фонт

а а а

Сандра Булок за прв пат беше видена во јавност откако минатиот месец починал нејзиниот татко, Џон Булок на 94 години.

Оскаровката се појави на 25 холивудска прослава на ELLE Woman, каде дојде да ја поддржи својата пријателка и колешка Сара Полсон. 

"Размислував да напишам убав говор за сите работи кои ги сакам за Сара Полсон", започна Сандра. "Но, имав неколку ужасни недели. Мојот татко почина, ми умреа и двете кучиња. Го вклучувате телевизорот и гледате бескрајни трагедии. Изгледа дека денес повеќе од кога било, ако имате вагина, морате да бидете и војник. Поради тоа не се чувствувам добро. Па вечерва одлучив да зборувам за сите работи кои не ги сакам кај Сара".


"Не ја сакам нејзината храброст и тоа што е инспиративна. Не сакам што сака толку отворено и длабоко. И не ми се допаѓа тоа што други извонредни луѓе ја сакаат, бидејќи тоа покажува дека морам да бидам подобра. Не ги сакам нејзините работни навики. Ме потсетуваат дека морам да работам повеќе".


Ја спомена и нејзината девојка Холанд Тејлор, која исто така била таму. "Не ми се допаѓа тоа што нивниот живот ме потсетува дека морам да бидам подобра девојка", се пошегува Сандра.


Во тешките моменти Сандра ја тешеше момчето Брајан Рандал, 52 годишниот фотограф кој наводно ѝ е најголема поддршка и со кој живее три години.

Сандра има две деца, Луис (8) и Лејла (6) кои ги воспитува заедно со Брајан. Таа беше во брак со Џеси Џејмс од 2005 до 2010 година. Нејзината сестра Џезин исто така се прости од својот татко, додека нивната мајка Хелга починала во 2000 година.





Спонзорирани линкови

Маркетинг