Глумецот се откажува од богатството вредно 714 милиони долари: "Парите не се среќа"

Точка

17/10/2018

14:36

7.924

Големина на фонт

а а а

Филмската ѕвезда од Хонг Конг, Чоу Јан Фат ја изненади јавноста со објавата дека планира да се откаже од своето богатство, кое се проценува на 714 милиони американски долари и сака да ги донира за хуманитарни цели.

Глумецот кој се прослави со улогите во филмовите "Tiger and Dragon", кој е награден со Оскар за најдобар странски филм, потоа со "Pirates of the Carribean", троши само 100 долари месечно. 

Многу често може да го забележиме како се вози со јавен превоз или купува кога има намаление. До пред две години 63 годишниот глумец користел Nokia телефон кој го купил пред 17 години, а веројатно би го користел и денес доколку не престанал да работи.


"Парите всушност не ми припаѓаат мене, јас само привремено ги чувам", им рекол на новинарите за време на промоцијата на новиот филм "Project Gutenberg".

Со неговиот начин на живот и одлука очигледно се согласува и неговата сопруга Џазмин Тан.

"Сон ми е да бидам среќна и нормална личност. Најтешката работа во животот не се однесува на тоа колку пари заработуваш, туку како ја одржуваш состојбата на умот мирна. Сакам остатокот од животот да го проживеам на едноставен и опуштен начин", рекол.


Џазмин своевремено открила дека нејзиниот сопруг успева да живее со штедење во еден од најскапите градови на светот, така што ги обиколува уличните штандови и ретко купува нови работи.

"Не носам облека поради другите луѓе. Ако ми е удобна, доволно е добра за мене", заклучил тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг