ВИДЕО: Совршен начин за нега на вашата кожа и коса. Погледнете како да направите лосион од зелен чај

Кармин

17/10/2018

11:46

2.395

Големина на фонт

а а а

Зелениот јапонски чај е одличен за детоксикација на организмот и има многу бенефити за здравјето.

Одличен е за слабеење, спречува настинки и грип, но исто така е совршен за нега на косата и кожата, а таков го прават состојките кои ги има и во многу комерцијални козметички производи.

Дали сте знаеле дека може да направите целосно природен лосион за тело од зелен чај?

Состојки:

- 1 шолја кокосово масло (растопено)
- 1 лажица мача во прав 

Подготовка:

Истурете го кокосовот масло и додадете ја мачата во прав. Темелно измешајте ги состојките. Смесата оставете ја 10-тина минути во фрижидер, а потоа промешајте со кујнски миксер, за да формирате зелена, кремаста мешавина. Истурете го лосионот во сад со преклоп и користете го на ист начин како сите други лосиони што ги купувате во продавница. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk