Подарок кој го чува веќе со години: Меган Маркл открила што ќе ѝ подари на ќерка си!

Кармин

17/10/2018

09:28

3.452

Големина на фонт

а а а

Веќе добро е познато дека војводата и војвотката од Сасекс, во понеделникот објавија дека го очекуваат своето прво дете. Бебето на свет ќе стигне напролет, а поранешната актерка, Меган Маркл за неа (надежно), веќе има подготвен подарок.

Имено, во едно интервју во 2015-та година, поранешната ѕвезда од серијата „Siuts“, рекла дека купила безвременско парче за својата идна ќерка.

Станува збор за часовник од „Cartier Tank Française“, кој Меган го купила кога дознала дека ќе снима и трета сезона од популарната серија.

„Кога дознав дека ќе се снима и трета сезона на серијата, што во тоа време изгледаше како пресвртница, одлучив малку да се расфрлам со парите и купив часовник“, рекла трудницата Меган пред три години за магазинот „Hello“. Се работи за двобоен часовник, кој чини околу 5000 фунти.

Меган дополнително покажала колку е сентиментална, со тоа што на часовникот изгравирала „од М.М. за М.М“ и дека еден ден планира да ѝ го подари на својата ќерка.

Изгравираниот дел значи „Од Меган Маркл за Меган Маркл“, со што го прославила успехот од серијата, а веќе почнале претпоставките дека натписот може да има влијание и на името кое парот ќе му го даде на своето бебе.

Да потсетиме, само неколку часа откако британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган во понеделникот допатувале на службена посета во Австралија, Бакингамската палата објавила дека парот го очекува своето прво дете и дека приновата би требало да стигне напролет, следната година.


Претпоставките за бременоста на Меган, почнале овој викенд, кога на венчавката на принцезата Јуџин, војвотката носела широк капут, а продолжиле и во понеделникот, кога парот слетал во Сиднеј, бидејќи изгледало дека Меган го сокрива стомакот со виолетови фасцикли, кои ги носела на рацете.

На крајот, гласините кои траат веќе некое време, добиле официјална потврда од палатата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk