Елка Толхоек, 21-годишна жртва на сексуален напад познат како "stealthing", одлучила јавно да проговори за тоа со цел луѓето да сфатат дека станува збор за навистина трауматично искуство.
Оваа девојка од Бризбејн по пат на Тиндер запознала момче, а по состанокот отишле кај неа дома. Тие завршиле во кревет, а во текот на сексот, момчето без прашање го извадил кондомот. Како што раскажала Толхоек за "Daily Mail Australia", таа се чувствувала подеднакво силувана како што се чувствувала кога подоцна таа година била сексуално нападната од друг маж.
"Се одлучивме да користиме заштита, но тој без прашање го извади кондомот и го врати пенисот назад во мене. Забележа дека ми е непријатно, но бидејќи со текот на траумата едноставно се исклучив, останав да лежам во шок, чувствувајќи се грозно", раскажала таа.
Како што вели 21-годишната девојка, се чувствувала ранливо и подложно на половопреносливи болести, па дури и непосакувана бременост бидејќи не земала ни орална контрацепција. Иако станува збор за дело без согласност, Толхоек истакнува дека станува збор за сиво подрајче и дека полицијата не би го сфатила нејзиниот случај како сексуален напад.
"Луѓето не сфаќаат дека тоа е облик на сексуален напад. Со оглед на тоа што имам искуство со полицијата околу пријавување на сексуален напад, ваквиот случај не го пријавив", додала таа.
"Општеството смета дека силување е само кога маж од грмушка ќе нападне жена и не разбира дека постојат и други облици на напад", изјавила девојката и истакнала дека се чувствува шокирано.
Таа одлучила да проговори дури кога била повторно сексуално нападната во јули минатата година. Толхоек го контактирала мажот кој го извадил кондомот и му кажала дека тоа што го направил не било во ред, а нему не му паднало напамет да се извини.
"Не сфати зошто имам проблем со тоа. Не ме вклучи во својата одлука што ќе направи со моето тело. Мажите се склони да ја ставаат својата удобност на прво место, а не удобноста на жената. Тој можеби не е лоша личност, но сакам да знае дека тоа што го направи не беше во ред", истакнала Елка.