Меган Маркл конечно го истакна трудничкото стомаче во тесна бела тоалета

Кармин

16/10/2018

14:45

2.740

Големина на фонт

а а а

Кенсингтонската палата вчера наутро објави дека Меган Маркл и принцот Хари ќе станат родители, а неколку часа претходно, тие двајца слетале во Сиднеј, на првата станица од нивната турнеја, после Австралија.

Истиот ден, попладне, откако среќната вест веќе го обиколи светот, Меган на своите обожаватели им овозможи да го видат нејзиното трудничко стомаче, кој до вчера вешто го криеше, со помош на разни стилски трикови.


За своето прво службено излегување, после објавата за бременоста, одбрала тесна бела тоалета од дизајнерката Карен Ги, во која јасно се отсликувало нејзиното заоблено стомаче.


На нозете носела ласкави кожа-боја салонки, кои совршено го надополниле нејзиниот елегантен изглед, а за оваа посебна прилика одбрала и едно парче накит од мајката на Хари, покојната принцеза Дајана.

Станува збор за дијамантски обетки во облик на лептир, која Лејди Ди ги носела во текот на кралската турнеја во Канада, во мај, 1986-та година, пренесува „Harper's Bazaar“.


Ова не е прв пат Меган да носи парче накит од принцезата Дајана. На денот на својата венчавка, поточно на свадбениот прием, носела аквамарински прстен, кој исто така некогаш ѝ припаѓал на принцезата Дајана.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk