Никол Кидман ретко зборува за бракот со Том Круз, но сега открила колку тој ѝ значел

Кармин

16/10/2018

13:26

3.727

Големина на фонт

а а а

Актерката Никол Кидман имала само 22 години кога се венчала за колегата Том Круз.

Иако актерот има проблематични односи со своите поранешни жени поради тоа што е член на Скиентолошката црква, 51-годишната Кидман за прв пат открила колку бракот ѝ значел во тоа време. 

Бракот со Том Круз ѝ пружил некој вид на заштита во суровиот холивудски свет.


"Се венчав многу млада и тоа за мене значеше голема заштита", изјавила актерката за "NY Magazine". "Се венчав од љубов, а бракот со толку влијателен човек во Холивуд ме заштити од различните сексуални вознемирувања кои им се случуваа на младите актерки во тоа време", додала таа.

Меѓутоа, по разводот, нејзиниот свет се променил.


"Кога се разведовме имав 33 години и ми делуваше како тогаш да почнувам да растам", додала Никол која ретко зборува во јавноста за 10-годишниот брак со Том.

Како што вели и самата, не сака да се навраќа на минатото бидејќи денес е во среќен брак со музичарот Кит Урбан со кој има две ќерки. Никол и Том имаат посвоено две деца, синот Конор и ќерката Изабел.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk