Четири фустани кои прилегаат на секоја силуета

Кармин

16/10/2018

11:18

2.554

Големина на фонт

а а а

Иако можеби сметате дека не постои еден модел на фустан кој прилега на секој тип на тело, има многу кроеви на фустани кои изгледаат одлично на секоја фигура.

Иако црната боја се смета за боја која најмногу покрива и визуелно ги елиминира недостатоците, тоа никако не значи дека треба да се држите само до неа. За таа цел, ние избравме неколку кроеви кои му прилегаат на секого и го истакнуваат она најдоброто што сакате да го покажете.

Фустан со набори

Наборите се моментално голем тренд, а освен што добро изгледаат, тие ги прикриваат вишокот килограми и го истакнуваат струкот и колковите.

Фустан на преклоп

Овој култен крој ѝ ласка на секоја фигура бидејќи создава впечаток на песочен часовник и визуелно го стеснува струкот, ги истакнува градите и ги прикрива вишокот масти на стомакот и нозете.

Фустан-кошула

Овој модел изгледа како долга кошула, а нема фигура на која не ѝ прилега. Она на кое треба да обрнете внимание е должината на кројот кој треба да го усогласите со вашата висина и чевли.

Мал црн фустан

Како што истакнавме и на самиот почеток, црната боја им ласка на сите дами, а изборот на материјал и крој ви го препуштаме вам.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk