Елегантна како и секогаш, но исцрпена: Зошто Амал Клуни секогаш изгледа уморно

Кармин

15/10/2018

16:02

4.973

Големина на фонт

а а а

Адвокатката Амал Клуни, сопругата на познатиот глумец Џорџ Клуни, се најде помеѓу говорниците на конференцијата за жени во Пенсилванија.

Светските медиуми пишуваат за тоа како во овој говор Амал му се спротивстави на американскиот претседател Доналд Трамп, а некои забележале дека мајката на близнаците е многу ослабена и дека на фотографиите делува многу уморно. 


Имено, на убавата адвокатка за човекови права ниту малку не ѝ се допаднало кога Трамп ја исмеал Кристин Бласи Форд, која пред Сенатот сведочела против Брет Кавано, пред да биде избран за член на Врховниот суд, обвинувајќи го дека во минатото сексуално ја злоупотребувал.


Сепак, на некои им било поважно да забележат дека Амал има уморен и слаб изглед, кој веќе со години ѝ го замеруваат низ годините.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk