Мишел Обама изгледа божествено во бело од глава до пети

Кармин

12/10/2018

12:34

1.612

Големина на фонт

а а а

Поранешната прва дама на САД, Мишел Обама синоќа гостуваше во емисијата "Today", каде се појави во фантастично бело издание потсетувајќи нè дека таа и понатаму е модна икона.

Обама носеше бел миди фустан со реси на преклоп со потпис од дизајнерката Рејчел Комеј која го комплетираше со ремен во иста боја. На нозете носела бели салонки, а изгледот го надополни со големи бисерни обетки. 


Во бело од глава до пети, госпоѓата Обама никој не остави рамнодушен, а јавноста ја воодушеви со својата фантастична фигура и младешкиот изглед на 54 години.


Иако и новата прва дама на САД стекна титула за стилска икона, мора да признаеме дека ни недостига беспрекорниот стил на Мишел откако ја напушти Белата куќа, па се надеваме дека во иднина ќе ја гледаме почесто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk