Актерката има 60 години, а изгледа прекрасно без ниедна операција!

Кармин

12/10/2018

12:26

2.243

Големина на фонт

а а а

Американската актерка, Анџела Басет, спаѓа во групата најубави дами од Холивуд, а нејзиниот изглед во 60-тата година воодушевува.

Додека многумина се прашуваат дали е подложна на некакви естетски третмани, Анџела во едно интервју ја открила својата тајна за младиот изглед.

Познатата актерка, во август наполни 60 години, но сè уште воодушевува со својата појава.

Таа секојдневно прима голем број комплименти на сметка на својот изглед, а не крие дека често ја прашуваат како успева да ја одржи линијата совршена и тенот сјаен.

Убавата Анџела, во интервју за магазонот „Allure“, истакнала дека 60-тите години се всушност нови 40-ти, а потоа објаснила што значи тоа.

„Напредуваме, па старосната граница добива сè повеќе поместувања. Затоа, 60-тите станаа нови 40-ти, а 70-тите нови 50-ти години. Со годините морате да го намалите и стресот, но и да се чувствувате секси во сопствената кожа“, истакнала актерката, која е мајка на две деца.


Американката не криела дека сепак многу труд вложува за својот изглед, со тоа што два пати неделно вежба со личен тренер, кој ѝ помага секој тренинг да го направи правилно.

„Клучот е во правилна исхрана и физичка активност. Сè доаѓа одвнатре. Секогаш трудете се да јадете вкусни оброци. Јас уживам во вкусна и убава храна. Мислам дека здраво не мора да значи невкусно“, објаснила актерката.

Басет за крај на интервјуто ги издвоила намирниците кои не ги консумира, а тоа се млечни производи и пецива. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk