Застанала пред олтарот и се венчала со себеси: "Се чувствував посебно"

Кармин

10/10/2018

15:52

2.018

Големина на фонт

а а а

32-годишната Лулу Џемима студирала на универзитетот Оксфорд, каде во потполност ѝ се посветила на науката и немала шанса да го пронајде идеалниот партнер.

Лулу Џемима проговорела искрено за "Daily Mail", кога им открила на новинарите дека всушност не ни размислувала за љубов бидејќи била зафатена со студирање. Во моментот кога почувствувала притисок од родителите, но и од општеството кои постојано ѝ зборувале дека е време да се венча, таа одлучила да направи вистинско венчање и испратила покани до своите пријатели и семејство. 

Таа изнајмила венчаница, застанала пред олтарот, па дури и одржала говор пред сите во кој објаснила зошто покрај себе нема маж до својот 32-ри роденден, кој бил на 27-ми август.

Нејзиниот пријател кој работи како веб-дизајнер ги осмислил и испечатил нејзините покани, а втор пријател платил изнајмување на венчаницата додека нејзиниот брат ја припремил тортата.

"Цената на венчаниците во Уганда е многу висока, а кога им кажав дека ќе се венчам за себе, тие ми понудија да ми ја најдат најевтината венчаница. Имаше и негативни реакции во продавницата", признава Лулу.

Кога пристигнал денот на венчавката, Лулу изјавила дека се чувствувала посебно и имала голема трема.

##https://twitter.com/MujjambereTitus/status/1049662280562966529##

"Поминав неколку минути разговарајќи со пријателите и објаснувајќи им дека нема младоженец - поголемиот дел од нив не знаеја се до тој момент. Бев исклучително среќна, се појавија голем број пријатели како и меѓународни и локални новинари, филмски режисери и претприемачи. Бракот е израз на љубов и посветеност, меѓутоа за многумина се уште претставува единствен начин за гаранција на финансиската сигурност на жените".

Џемима на крајот објаснила зошто се одлучила на овој чекор, како и тоа дека не пронашла партнер во својата 32-ра година:

"Низ животот се водев со страст и посветеност кон постигнување на своите цели во желбата да станам академик, но моето семејство постојано ме прашуваше кога планирам да се венчам, како и кога ќе имам деца и семејство. Мојот татко напишал говор за мојата венчавка кога наполнив 16 години, а за секој роденден мојата мајка се молеше за мене да најдам добар маж. Но, јас едноставно не размислував за олтар и венчавка", заклучила Лулу.

Од парите кои ги добила на венчавката, на која присуствувале 279 луѓе, успеала да собере пари за своите понатамошни студии.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk