Бизарен тренд го освојува Инстаграм: Дали би се осудиле да ги покажете влакната на овој дел од телото?

Кармин

10/10/2018

14:30

3.067

Големина на фонт

а а а

Уште еден бизарен тренд ни пристигнува оваа есен, а во прашање е надградба на влакна во носот.

Девојките ја закачуваат ова надградба и објавуваат фотографии на Инстаграм, со што на сите би им го покажале новиот моден додаток. Инстаграм отсекоаш било место каде што наидуваме на најчудните можни трендови. Но, овој тренд е особено чуден, со оглед на тоа дека живееме во модерно време, каде што луѓето се советуваат да имаат што е можно помалку влакна на телото.

Луѓето трошат по десетици илјади денари за да се ослободат од непосакуваните влакна, но изгледа дека природните влакна на овие делови од телото се сосема во ред.

Сè започнува со вештачки трепки и нивната употреба за продолжување на влакната во носот. Некој тоа прв го направил, се пофалил со фотографија, и оттогаш останатите „полуделе“ по нив.

Не е ова прв чуден тренд кога се во прашање влакната, бидејќи веќе видовме дека многумина повикуваат на недепилирани пазуви, нозе и препони. Тешко е да се предвиди дали овој тренд ќе се задржи или е тука само малку да нè шокира. Дотогаш бидете подготвени повторно да ја уотребите пинцетата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk