Вчеравечер во Лос Анџелес е одржано доделувањето на наградите „American Music Awards“.
Црвениот тепих го преплавиле бројни познати лица од светскиот шоубиз, а како и на секое големо доделување на награди, гламурот повторно не изостанал.
Во масата на фантастично средени дами, особено се истакнала Џенифер Лопез и тоа најмногу поради бојата на тоалетата. 49-годишната пејачка и актерка, за доделувањето на наградите облекла предизвкувачка неонско розова тоалета од либанскиот дизајнер Џорџ Чакре, кој ѝ ги осигура сите погледи.
Освен што во ова уникатно издание се истакнала од сите, тоалетата со длабоко деколте и високо потенциран долен дел, ја нагласила нејзината заносна фигура. Розовата тоалета ја искомбинирала со црна ташна и сандали со висока пета, и платформа која ја усогласила со бојата на лентата од средниот дел на фустанот. Косата ја врзала во елегантна, опуштена пунџа со прамени кои ѝ го истакнуваат лицето, а со мејкапот ги нагласила очите.
Иако паднале позади сенката на Џеј Ло, и бројни други славни дами воодушевиле со аутфитите. Од цветната тоалета на Карди Би, до диско „топка“ на Тејлор Свифт, ова се највпечатливите изданија на доделувањето на наградите „АМА“.