Никогаш доста од хороскоп: Во овие знаци се раѓаат најтврдоглавите луѓе

Кармин

10/10/2018

10:19

3.034

Големина на фонт

а а а

Сигурно познавате човек од кој сè би слушнале, освен „извини“. Некои луѓе, ако е потребно, можат со денови да молчат, само за да не си ја признаат вината, а извинување во нивниот вокабулар не постои.

Луѓето родени во следните три хороскопски знаци, важат зза најтврдоглави и најгорделиви знаци од сите!

Овен

Овенот никогаш нема да се извини. Ако тоа го направи, тогаш сигурно се работи за некоја ситуација во која направил нешто толку сериозно, што дури и него да не му се верува. Сепак, Овенот воглавно ги игнорира обвиненијата и продолжува да прават работи по свое. Ако инсистирате на извинување, подготвен е сериозно да се искара со вас, за да го оставите на мира.


Лав

Кога ќе се најде во конфликт, Лавот со сите сили ќе се обиде да се избори за сите свои ставови. Ако сепак сфати дека погрешил, ќе стане драматичен и ќе одржи говор во кој тој и понатаму нема да биде губитник.

Шкорпија

Луѓето родени во знакот на Шкорпија, подготвени се за разговор се до моментот додека не го повредите нивното его. Во случај тие да се виновни, а вие невини, Шкорпиите секако ќе се извинат. Сепак, ако вината е ваша, постои веројатност да се навредат до тој степен, што ќе прекинат секаков контакт со вас. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk