Контроверзната сестра на Меган Маркл се појавила пред Кенсингтонската палата, но обезбедувањето не ја пуштило да влезе

Кармин

09/10/2018

16:15

2.521

Големина на фонт

а а а

Саманта Маркл (53), контроверзната полусестра на Меган Маркл, се појавила неповикана пред дворецот Кенсингтон, а во рацете имала писмо.

Таа дошла во Велика Британија за да се соочи со војвотката од Сасекс, поради семејните проблеми.

Исто така сакала да поразговара и за лошиот однос кој од неа го добива нивниот татко Томас, кој не присуствувал на кралската венчавка.

Меѓутоа, таа наишла на ѕид и молк, бидејќи не стигнала подалеку од капијата на дворецот.


Оваа жена е снимена како разговара со чуварот на капијата на приватниот влез во дворецот во западниот дел на Лондон.

Американката која била во количка, поради проблеми со склерозата, не успеала да го предаде писмото, кое очигледно било наменето за нејзината сестра.

На влезот ѝ било кажано дека им е наредено да не ја пуштаат внатре.

Сепак успеала да стигне да купи маска со ликот на Меган Маркл и принцот Хари, што многумина го оцениле како многу бизарно.


Таа дошла во Лондон, две недели откако претставници на палатата примиле писмо дека нејзиното однесување ќе ескалира, ако не добие прилика да разговара со војвотката.

Ова е само една од низата со приказни помеѓу Меган и нејзиното семејство. Таа е во лоши односи со семејството од таткова страна. Нејзината полусестра ја користи секоја прилика да ја оцрни во медиумите, а нејзиниот полубрат своевремено го предупредувал принцот Хари да не се жени со неговата сестра.

Меган од венчавката не се слушнала ниту со татка си, кој досега дал повеќе интервјуа за медиумите во обид да ја натера ќерка си да се види со него. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk