Девојче ја запраша војвотката зошто сите ги фотографираат, а нејзиниот одговор ќе ги растопи Вашите срца

Кармин

04/10/2018

14:37

6.295

Големина на фонт

а а а

Кејт Мидлтон се врати на своите секојдневни обврски после 6 месечниот породилен период. Војвотката за првото јавно појавување ја одбра ботаничката градина во Падингтон, каде времето го помина дружејќи се со најмладите.

Децата воодушевени ја пречекаа војвотката Кејт, а многумина и ја прегрнаа иако тоа не е дозволено. Едно девојче кое ја држеше Кејт за рака ја запраша зошто околу нив има толку многу фоторепортери и зошто сите ги фотографираат.


"Тоа е затоа што ти си посебна и дојдоа да го погледнат твоето прекрасно училиште", одговори Кејт, а девојчето се воодушеви со нејзините зборови.


Кејт со децата ги проучуваше билките и бараа инсекти, а им раскажа дека често во својата градина бара пајаци со своите деца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk