Личностите кои се занимаваат со овие професии најчесто ги изневеруваат своите партнери

Кармин

03/10/2018

13:47

5.635

Големина на фонт

а а а

На прашањето како да препознаете неверен партнер е навистина невозможно да се одговори.

Но, според новото австралиско истражување, професијата со која една личност се занимава може да пружи поединечни знаци кои се однесуваат на верноста во врската.  

Во истражувањето кое го изработила дејтинг веб-страната "Victoria Milan" учествувале 5650 корисници на оваа платформа за запознавање.

Студијата покажала дека лицата кои работат под голем притисок и се во полето на финансиите се поспремни за изневерување отколку останатите. Освен тоа, 21 отсто од анкетираните жени (кориснички на оваа дејтинг платформа) кои имале афера работеле како банкарки, брокерки или аналитичарки. Другата најзастапена група ја сочинуваат 15 отсто од нив кои истакнале дека работат во авио-индустријата како стјуардеси или жени пилоти.


Дури 65 отсто од вработените жени признале дека имале односи со колега, а 85 отсто изјавиле дека никогаш не би го препорачале тоа.

Кога станува збор за прељубниците, австралискиот експерт за љубовни односи Луен Ворд вели дека постојат неколку типови, а најчести се три - случајни прељубници, "еднаш и никогаш повеќе" и сериски прељубници.

Ова се деветте професии со кои се занимаваат личностите кои најчесто изневеруваат:

1. Финансии

2. Авио-индустрија

3. Здравствена нега

4. Бизнис

5. Спорт

6. Уметност

7. Работа во ноќни клубови

8. Правна индустрија

9. Комуникации


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk