Одмазда за Каније: После расправијата, Ким позирала во досега најпредизвикувачко бикини

Кармин

02/10/2018

14:56

6.694

Големина на фонт

а а а

Само еден ден откако во семејното ријалите се расправала со сопругот поради разголените фотографии на социјалните мрежи, Ким Кардашијан сподели една од своите најпредизвикувачки фотографии досега.

Во најновата епизода на „Keeping Up With The Kardashians“, старлетата открила дека Каније се обидел да ги контролира нејзините објави на Инстаграм, во што, очигледно не успеал.

Ким објавила фотографија на која лежи во кревет во најминијатурното бикини на светот, кое едвај ги прекрило нејзините брадавици и оставило навистина многу простор за фантазирање, а на фотографијата позирала со исплазен јазик.

Станува збор за костим од модната куќа „Chanel“, како што открива логото на горниот дел, со необичен округлест облик, а провокативната фотографија го поделила мислењето на јавноста.

И додека нејзините верни обожаватели во коментари ја преплавиле со комплименти, се јавиле и еднакво толку душогрижници, кои се побуниле поради непримерното однесување на една мајка на три деца, која е и идол на многу девојчиња во светот.

Но, иако Ким овојпат успеала да се надмине и самата себе, била во втор план поради Кание, кој одлучил да му укаже поддршка на Доналд Трамп со мотото „Make America Great Again“, кое го носел на шоуто „Saturday Night Live“.

Освен со капа, поддршка на Трамп му изразил и во својот говор после настапот, што за Ким наводно било „многу срамно“, како што пренесува „Cosmopolitan“.

Каков чуден пар!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk