Носорогот мора да остане без рогови: Велат дека ова е единствен начин да преживее

Точка

25/09/2018

21:52

5.628

Големина на фонт

а а а

Носорозите се доведени до граница на истребување, бидејќи луѓето ги ловат поради роговите. Многу афрички земји посегнуваат по радикалните методи, за да го заштитат овој вид.

Сите афрички земји имаат разработени начини за борба против ловокрадци, но овие криминалци секогаш пронаоѓаат начин да ги заобиколат мерките за заштита и лов на животните.

Особено се загрозени носорозите, бидејќи нивниот рог посебно се цени во алтернативната медицина.

Пазарот за рогови е особено развиен во Кина, кадешто се прават афродизијаци.

Затоа, единствен начин да се запре овој криволов е да се фатат носорозите, да се успијат, па потоа рогот да им се исече. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг