Излегол во дворот и видел двоглава змија: Ова навистина е најчудната глетка која ќе ја видите денес

Точка

25/09/2018

21:40

4.036

Големина на фонт

а а а

Во американската држава Вирџинија, неодамна била пронајдена двоглава змија, за која научниците утврдиле дека има два дишника и два хранопроводника, но едно срце и еден пар бели дробови.

Змијата минатата седмица во својот двор ја пронашол еден Американец кој ги повикал надлежните, кои потоа го однеле рептилот во Центарот за диви животни. 

Змијата потоа била префрлена во болница, каде и се вршат тестови.

Биолозите веруваат дека двете змиски глави можат да нападнат и да исфрлат отров.

Двоглавите змии се многу ретки појави затоа што не живеат долго, а оваа најверојатно ќе заврши во зоолошка градина, шо би можело да и гарантира подолг живот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг