Пресврт во случајот на исчезнатиот милионер и неговата сопруга: Пронајдени нивните мртви тела во плиток гроб на имотот

Точка

25/09/2018

19:16

11.733

Големина на фонт

а а а

Безживотните тела на британскиот милионер и неговата сопруга биле пронајдени закопани на длабочина од два метри на нивниот имот во Тајланд. Тие се воделе како исчезнати од минатиот вторник.

Полициското куче трагач утрово ги пронашол нивните тела. Ископани биле на пладне по локално време. 

Телата биле пратени во болница на обдукција.

Според наводите на полицијата, тројца напаѓачи го признале убиството и откриле дека ги закопале телата во градина.

Се претпоставува дека Алан бил убиен со пиштол во близина на базенот, додека Нот била претепана до смрт со чекан во гаражата на нивниот имот на северот на Тајланд.

Тројцата напаѓачи навеле дека примиле 1.300 евра од шурата на Алан, Варут Сачакит, да го извршат убиството, бидејќи семејството се скарало поради пари.

До потсетиме, Варут првобитно бил уапсен, бидејќи го украл автомобилот на жртвите.

Варут, кој се скарал со својата сестра поради пари, негирал соучество во убиството, но сепак останал во притвор.

"Варут повторно е уапсен поради кражба на автомобил и соучество во убиство. Тројцата осомничени се уапсени по форензичарската проверка на автомобилот. Тие го признаа убиството, опишувајќи го начинот на кој го извршиле", наведуваат од полицијата.

Портпаролот на британската амбасада во Бангкок изјавил дека се во контакт со тајландските власти и дека "пружаат поддршка за семејството на британскиот пар кој починал на Тајланд".




Спонзорирани линкови

Маркетинг