Голем минус за Реал: Иско има здравствени проблеми, ќе пропушти многу важни дуели

Дерби

25/09/2018

20:40

2.302

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот гигант и актуелен европски шампион, Реал Мадрид во наредниот период нема да може да смета на услугите на Иско Аларкон.

Еден од најдобрите играчи на „кралевите“ има здравствени проблеми и ќе мора да оди на операција на слепото црево. Ова е рутински хируршки зафат и се очекува да мине се во најдобар можен ред, но офанзивецот ќе биде во „аут“ скоро еден месец што значи ќе пропушти значајни дуели како пресметките со Севилја и Атлетико Мадрид кои се играат оваа седмица.

Исто отсутен од денешниот тренинг беше дефанзивецот Дани Карвахал што значи одново шанса ќе добие летното заислување Одриозола, а отсуството на Иско пак ќе значи поголем простор за Себалјос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг