Некогашната голема надеж на италијанскиот и светскиот фудбал, Џузепе Роси се соочува со нови проблеми во својата кариера, проблем поради кој може да добие суспензија од една година.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Вилјареал, Фиорентина, Њукасл, Парма, Леванте и Села Виго паднал на допинг тест направен минатата сезона по натпреварот меѓу Беневенто и Џенова.
Роси бил позитивен на дорзоламид, па сега се соочува со казна иако тој самиот негира дека ја користел оваа супстанца.
Тој на 1 октомври ќе биде сослушан, по што ќе се дознае конечната одлука.